Михајловиќ: Ја победивме Македонија 5-1 и сите заедно плачевме во соблекувалната

Синиша Михајловиќ смета дека во Италија е далеку попочитуван отколу во Србија и затоа си заминал од селекторската позиција во националниот тим на нашиот северен сосед. Тој во интервју за популарно српско телевизиско шоу зборуваше за тешкиот период од кога дознал дека има леукемија, за патот на лечењето и за предизвиците со кои се соочуваше поради пандемијата од коронавирсот од кој собено е погодена Италија. Михајловиќ објасни и како и зошто ја напуштил клупата на репрезентацијата.

„Ние како народ сме најлоши за себе. Кога ми се јави Дејан Станковиќ да ми каже дека ќе ја преземе Црвена Звезда му дадов поддршка, но му кажав дека мора да знае во што влегува. Бев селектор на репрезентацијата и во секоја држава тоа е втора функција по претседателот. Но, кога луѓето те гледаат на три месеци имаат само пофални зборови и почитување, а кога те гледаат три дена по ред велат „Тој е ку*тон“. Затоа му реков на Станковиќ дека по еден месец ќе го плукаат. Кај нас секој што се обидува да воведе промени има голем број луѓе против себе. Можев да останам, имав договор уште две години. Заминав зошто атмосферата не беше добра. На последниот натпревар ја победивме Македонија со 5-1 и сите заедно плачевме во соблекувалната. Не можев да останам затоа што губев енергија на многу глупости кои немаат врска со фудбалот“ – рече Михајловиќ.

Синиша Михајловиќ беше селектор на Србија во периодот од мај 2012 до ноември 2013 година. По заминувањето од селекторското место ја презеде Сампдорија, потоа беше тренер и на Милан, Торино и сега на Болоња.

 

 

Се вчитува...