Михајловиќ: Не можам да барам повеќе од 2020, останав жив доволно е…

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ изјави дека не може да бара ништо повеќе од 2020 година. Српскиот стратег имаше големи здравствени проблеми, но сето тоа го остави зад себе и се врати на тоа што најмногу го сака, фудбалот.

„Не би можел да барам повеќе од оваа година. Останав жив. Не лично ниво навистина не можев да барам ништо повеќе“, изјави Михајловиќ. 

Во последниот меч од 2020 година, Михајловиќ со својата Болоња успеа да освои бод против фаворизираната Аталанта.

Се вчитува...