Михајловиќ се јави од карантин: Леукемијата е пред пораз… (ВИДЕО)

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ е пред комплетно добивање на битката со леукемијата. Последните резултати се максимално охрабрувачки за што информира и самиот Михајловиќ кој во моментов е во карантина, како и цела Италија, поради пандемијата на коронавирусот.

Пријателот на Михајловиќ, Џони Микалуси, кој е сопственик на ресторан, му испрати подарок на Србинот – специјалитет од морски плодови, па Михајловиќ се заблагодари истакнувајќи дека веќе се повеќе зад себе ги остава проблемите со леукемијата.

Претходно и неговата сопруга Ана, преку социјалните мрежи, објави дека Синиша е во одлична состојба во очекување на финалното опоравување од болеста.

Се вчитува...