Михајловиќ за леукемијата: Не губам, секогаш играм на победа

Европскиот фудбал во јули 2019 година беше потресен од веста дека Синиша Михајловиќ боледува од леукемија и го очекува тешка битка за живот. Тренерот на Болоња мина неколку месеци во болница, но на крајот успеа да извојува победа на најважниот натпревар.

„Не сум од оние кои велат дека е важно да се учествува. Јас секогаш играм на победа. Така пристапив и во оваа борба се болеста. Не размислував за опцијата дека нема да победам. На почетокот си реков сам на себе дека не смеам да загубам. Во октомври бев на контрола, сега се е како што треба“, изјави Михајловиќ.

Поранешниот српски селектор како клучен фактор во борбата покрај позитивната енергија ја наведе и поддршката од семејството.

„Тоа ми даде огромна сила, семејството ми беше она што ме носеше напред секој нов ден. Си зацртав дека не смеам да ги изневерам најблиските, да ја загубам оваа битка“, открива Синиша Михајловиќ.

Се вчитува...