Мик Шумахер: Фетел ми е идол како што татко ми му беше нему

Мик Шумахер моментално се натпреварува во Формула 2, а сезонава неколку пати ги тестираше болидите на Ферари. Мик тргна по стапките на татко му Михаел Шумахер. Младиот Шумахер призна дека негов идол во спортот е Себастијан Фетел кој моментално вози во Ферари.

„За него имам многу почитување. Многу разговараме и тој ми дава почитување. Тоа што мојот татко беше за Себастијан, тој ми е сега мене. Јасно е тој ми идол и би сакал да бидам како него“, изјави Мик.

Младиот германски возач годинава забележа една победа во Формула 2 на трката за големата награда на Унгарија.

Се вчитува...