Милан го бара „новиот Модриќ“ од Динамо Загреб

Динамо Загреб е познат по „производството“ на врвни талентирани фудбалери што хрватскиот првак потоа за милионски суми ги продава на европските гиганти, а еден од првите кои би требало да си заминат следното лето е Ловро Мајер.

Станува збор за 22-годишен фудбалер за врска кој во татковината го доби прекарот „новиот Модриќ“, а кој се наоѓа многу високо на листата со желби на Милан. Италијанскиот гигант се повеќе почнува да инвестира во млади и талентирани играчи наместо да дава огромни плати на скапи „ѕвезди“, а Мајер одлично се вклопува во таа клупска политика на „росонерите“.

Скаути на овој клуб го следеле младиот плејмејкер и на последниот меч од Лигата на Европа меѓу Динамо Загреб и Феенорд, каде Мајер беше меѓу најдобрите поединци на теренот. Се најавува преговорите официјално да почнат во текот на следниот месец, но дури и во случај на потпис на договор до јануари, Мајер би останал на „Максимир“ до крајот на сезонава, по што во јули 2021 година би се преселил на „Сан Сиро“.

Се вчитува...