Милан и Бобан ќе се соочат на суд

Судирот на италијанскиот клуб Милан и неговата легенда Звонимир Бобан на крајот ќе заврши со судска постапка. Бобан доби отказ од Милан поради искажани размислувања во интервју за „Газета дело спорт“ во кое отворено го критикуваше извршниот директор на клубот, Иван Газидис. Бобан му замери на Газидис што без консултации со него и со Малдини си одлучил да го ангажира Германецот Ралф Рангник на местото прв тренер.

Според плановите на Газидис, Рангник требало да добие комплетна контрола околу спортскиот дел во клубот, директно учествувајќи во купување, продажба, скаутирање и тренинг. Во добар дел поклопувајќи се со обврските на Бобан и Малдини.

Хрватот не успеа да помине преку отказот кој го доби, притоа не успевајќи и да се договори со клубот околу платите и условите на отказот, па на крајот двете страни недоразбирањата ќе ги решаваат и преку судска постапка која наскоро треба да почне.

Се вчитува...