Милан, и во време на „корона“, сака да спои балкански напаѓачки двоец

Милан официјално испрати понуда до Реал Мадрид од 35 милиони евра за Лука Јовиќ како засилување за нападот на тимот.

„Миланезите“ сакаат да спојат балкански напаѓачки двоец. Јовиќ како допонение на Хрватот Анте Ребиќ. И двајцата беа дел од Ајнтрахт Франкфурт кој го водеше Нико Ковач пред да биде тренер на Баерн, а сега повторно би можеле да заиграат заедно.

Ребиќ во моментов е на двегодишна позајмица во Милан, но раководството на италијанскиот клуб работи на тоа да го откупи неговиот договор. Во спротивен правец треба да оди Андре Силва кој е на двегодишна позајмица во Ајнтрахт, но сепак договорот, како и да е, би го чинел Милан околу 25 милиони евра.

Ако на тоа се додадат оние 35 милиони евра. јасно е дека Милан е подготвен да вложи 60 милиони евра за тандемот кој успешно функционираше во Бундеслигата.

Се вчитува...