Милан ќе го ’напаѓа’ и Ракитиќ

Италијанскиот калчолигаш Милан е повторно финансиски многу моќен, а тоа го покажува со комплетното реновирање на составот за претстојната сезона. Доведени се голем број квалитетни фудбалери, а тренерот Винченцо Монтела има најмалку уште една желба. Сака во својот тим да го има и хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ од Барселона.

Откако пропадна планот на „росонерите“ за ангажман на Марко Верати од ПСЖ, сега раководството на клубот ќе се фокусира на Ракитиќ. И тоа нема да биде лесна задача за реализација, но Милан покажа дека може да купи и големи имиња, пред се со ангажманот на Леонардо Бонучи од големиот ривал Јувентус.

Според италијанските медиуми, Милан е подготвен да плати 30 милиони евра за ангажманот на Ракитиќ.

Се вчитува...