Милан Ристовски донесе голем бод за Кршко против Олимпија (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија Милан Ристовски го постигна и својот втор гол сезонава во дресот на словенечкиот прволигаш Кршко.

Ристовски донесе значаен бод за Кршко од гостувањето против големиот фаворит Олимпија. Во мечот од 11. коло во шампионатот на Словенија, Ристовски погоди во 74. минута за Кршко за израмнување на резултатот и конечни 1-1, откако претходно Олимпија поведе со голот на Лупета уште во 16. минута од средбата.

Кршко со 8 бода и натаму е на последната позиција на табелата, додека Олимпија на Даниел Аврамовски е на второто место со 19 бода, пет помалку од водечкиот Марибор.

Се вчитува...