Милан со лесен тренинг пред Скопје, Интер рутински со Фиорентина

Бројните засилувања очигледно вродија со плод кај Милан, откако „росонерите“ по преубедливата победа над Шкендија одлично го стартуваа и новиот шампионат во Серија А. Тимот на Винченцо Монтела рутински славеше со 0-3 на гостувањето против Кротоне, меч решен во првите 23 минути во кои гостите постигнаа три погодоци. Андре Силва остана на клупата за сметка на Кутроне, а младиот италијански голгетер максимално ја оправда довербата, најпрвин над него беше направен пенал (за црвен картон), за потоа со гол и асистенција да покаже дека сериозно може да се смета на неговите услуги.

Импресивен старт на сезоната имаше и Интер, кој славеше со 3-0 над Фиорентина. Резултатот не е премногу убедлив колку што беше играта во првото полувреме, со која „нероаѕурите“ под водство на Лучијано Спалети делуваат многу, многу подобро во однос на претходните сезони. Мауро Икарди постигна два гола, а Перишиќ постигна еден гол и една асистенција, за продолжување на одличното партнерство меѓу Аргентинецот и Хрватот.

Џенова ремизираше 0-0 на гостувањето против Сасуоло, меч на кој Горан Пандев беше стартер за својот тим и остана на теренот се до 74. минута. Лацио разочарувачки одигра само 0-0 на домашен терен со новиот прволигаш Спал, додека Сампдорија славеше со 2-1 над Беневенто со двата гола на Квалјарела.

Резултати Италија: 

Болоња – Торино 1-1, Кротоне – Милан 0-3, Интер – Фиорентина 3-0, Лацио – Спал 0-0, Сампдорија – Беневенто 2-1, Удинезе – Киево 1-2, Сасуоло – Џенова 0-0.

Crotone – Milan 0-3 Gol sintesi ed Highlights… by GolParadeAll Goals – Inter 3-0 Fiorentina 20.08.2017 by gooooooooooal

Се вчитува...