Миљана Рељиќ со пораз од шампионката го заврши настапот на СП во Баку

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ, со пораз од Лилија Кузина е елиминирана и го заврши настапот на СП во Баку. Рељиќ се пласираше директно во 2. коло и таму наиде на Кузина која со 2-0 ја совлада македонската претставничка, а подоцна го освои и златниот медал.

Утре на СП во Баку ќе настапи нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски. Тој во 2. коло го чека подоброиот од дуелот Амири – Филипов.

Рељиќ кон крајот на месецот ја очекува настап на Европските олимписки игри во Краков, Полска.

Се вчитува...