Милано по голема борба и две продолженија стигна до значаен триумф на гостувањето против Ефес, но победата беше скапо платена поради повредата што ја заработи Зек Ледеј.
Крилниот центар штотуку се врати на терените, беше најдобар поединец на теренот и против Ефес, но пред самиот крај на четвртата четвртина заработи нова повреда, по што не се врати во игра во текот на двете продолженија.
„Жал ми е што повторно го загубивме Ледеј. Изгледа дека повторно е повреден, што е огромен проблем за нас“, изјави тренерот Еторе Месина веднаш по мечот.
Поранешниот играч на Партизан е клучен кошаркар во таборот на италијанскиот првак и во просек има 15,8 поени и 3,5 скокови по натпревар во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

