Миленкоски поднесе оставка од Црна Гора, а не ги водеше на ниту еден меч

Македонскиот селектор Јошко Миленкоски поднесе оставка од местото селектор на репрезентацијата на Црна Гора, а притоа не ги водеше на ниту еден натпревар. Пред четири месеци Миленкоски беше назначен на нов селектор, да пред неколку дена им соопшти на челниците на федерацијата дека не е подготвен да  ја води селекцијата.

Управниот одбор на одбојкарскиот сојуз ја прифатил неговата одлука.

„Како причина за таквата одлука, Миленкоски наведува дека неколку искусни играчи не биле во можност да се јават на повиците во националниот тим. Со оглед на обврските кои брзо ја очекуваат нашата репрезентација, ОСЦГ е изненадена од оставката на Миленкоски. Изборот на нов селектор мора да се случи брзо, за да остане доволно време за негов контакт со играчите, програмата за квалификации и неговата реализација“, велат од ОСЦГ.

Се вчитува...