Миленковски: Белгија е велесила, а ние успеавме да победиме

Одбојкарската репрезентација на Македонија стигна до првата победа во Златната европска лига сезонава откако на домашен терен славеше над Белгија со 3-1, по сетови (25-21, 25-23, 17-25 и 25-21)

Селекторот, Јошко Миленковски по натпреварот беше презадоволен од големата победа на неговиот тим.

„Возбудени бевме, а да бидам искрен имав и трема пред ваква публика и ваква атмосфера. Среќни сме затоа што играме во Златна лига, против селекција која можеби е подмладена меѓутоа нејзините играчи играат во Лигата на шампионите. Белгија е велесила во светот на одбојката, а ова беше исцрпувачки натпревар. Ние успеавме да го добиеме што ќе ни значи многу за нашата самодоверба. Сакам да продолжиме со ист интензитет, да се подготвиме добро за следниот меч со Хрватска и тоа што е важно да одржуваме високо ниво во текот на целиот меч што ни успеа на мечот со Белгија, иако имаше и одредени падови што е нормално за ваков исцрпувачки натпревар и најважно е да одиме чекор по чекор до тоа што следува во август-септември, а тоа е Европското првенство“, кажа Миленковски.

Се вчитува...