Миленковски: Да покажеме карактер и да испишеме една нова историја за нашиот спорт

Македонија ќе го игра третото европско првенство по ред, прво под водство на Јошко Миленковски, најдобриот македонкски одбојкарски стратег кој го прифати предизвикот да ја води националната селекција на ова ЕП.

Целта е јасна, пласман во втората рунда, а Миленкоски верува дека „црвено-жолтите“ ќе одговорат на предизвикот и бодрени од навивачите во „СЦ Борис Трајковски“ ќе стигнат до посакуваните резултат.

„Овие момци секој ден даваат се од себе, да ја претстават државата во најдобро можно светло. Ова е најголем настан на македонско тло, можност да ја претставиме нашата држава и нашиот спорт. Нашите желби секако се пласман во следниот круг, мислам дека го заслуживме тоа, но зависи и од противниците не само од нас. Потребна ни е поддршка од сите страни, пред се од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме се за да се пласираме во втората фаза. Ова е најважното, треба да го покажеме нашиот цврст карактер, борбата амбициите и да се спротивставиме на сите овие моќни репрезентации. Имаме сили за тоа, верувам дека по завршувањето на ова ЕП тоа ќе биде една нова историја за нашиот спорт“, изјави Миленковски.

Се вчитува...