Милевски го повика Мартин Стојанов од Брегалница за мечот со Црногорците

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го повика и еден од најдобрите фудбалери на штипска Брегалница, Мартин Стојанов за утрешниот квалификациски натпревар против Црна Гора.

По серијата откажувања, Милевски се одлучи да го вклучи во репрезентацијата Стојанов кој сезонава е еден од најдобрите фудбалери во второлигашката конкуренција, со седум постигнати голови досега во дресот на „сините“.

Во младата репрезентација од редовите на Брегалница се и Кристијан Ацковски и голманот Давид Денковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора, последен од квалификациите за ЕП, се игра утре од 13:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...