Милинковиќ-Савиќ се враќа во репрезентацијата на Србија

Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе биде и на поширокиот список на српската фудбалска репрезентација за одлучувачките квалификациски натпревари за Светското првенство во 2026 година, објави Спорт Клуб.

Истиот извор наведува дека, засега, на него го нема Душан Тадиќ, но дека е можно до понеделник да се сменат работите, кога се очекува објавувањето на официјалниот и конечен список.

Новиот тренер Вељко Пауновиќ од четврток е во интензивни разговори со играчите, во обид да го освежи и зајакне тимот пред дуелите со Англија и Летонија, српскиот фудбалски сојуз имаше обврска да испрати поширок список до 27 октомври, но тренерот може да прави промени и да додава нови играчи до понеделник, објави истиот извор.

Тадиќ неодамна изјави дека не планира да се врати во репрезентацијата. Од друга страна, Сергеј Милинковиќ Савиќ не беше на списоците на Драган Стојковиќ по Европското првенство, ама фудбалерот на Ал Хилал тогаш ги одбиваше со образложение дека не е психички подготвен да одговори на повикот, а сега тоа очигледно се промени со новиот селектор. 

Се вчитува...