„Милионерите“ договорија трансфер од Баер Леверкузен

Борусија Дортмунд договори значајно засилување за одбранбената линија за следната сезона, обелоденувајќи дека од 1 јули нов член на овој клуб е турскиот репрезентативец Омер Топрак. Овој 27-годишен дефанзивец пристигнува од редовите на Баер Леверкузен, откако „милионерите“ се согласија да ја платат откупната клаузула во неговиот договор со „фармацевтите“ вредна 20 милиони евра.

„Во сезоната 2017/2018 ќе се натпреваруваме со Омер Топрак, кој ќе пристигне од редовите на Баер Леверкузен. Тој до крајот на сезонава ќе остане максимално фокусиран на настапите за Баер, а ние нема дополнително да коментираме за Омер Топрак до крајот на сезонава“ – се вели во соопштението на Борусија Дортмунд.

Турскиот интернационалец досега настапи на 181 натпревар во Бундес-лигата, при што има постигнато пет погодоци.

Се вчитува...