„Милионерите“ се вратија од шокот против Баерн: Лесно со Штутгарт

Борусија Дортмунд стигна до лесна победа од 3-0 против Штутгарт во 29. коло од Бундеслигата.

По поразот во претходното коло од Баерн Минхен од 6-0, „милионерите“ сега лесно излегоа на крај со Штутгарт. Победата ја најави Пулишиќ во 38. минута. Во второто полувреме на 2-0, зголеми Батшуаи во 48. минута а Филип во 59. минута заокружи на 3-0.

И по овој триумф, Борусија Дортмунд остана на третата позиција со 51 бода, еден помалку од второпласираниот Шалке 04.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...