„Милионерите“ славеа, Батшуаи повторно стрелец

Борусија Дортмунд оствари нов триумф во Бундес-лигата, славејќи на домашен терен со 2-0 против Хамбургер. Новото засилување Мичи Батшуаи повторно беше стрелец за „милионерите“ постигнувајќи го водечкиот погодок во 49.минута. Во самата завршница, Марио Геце ја потврди победата на Борусија Дортмунд.

Херта го изненади Баер Леверкузен победувајќи на гости со 0-2. Лазаро и Саломон Калу донесоа важен триумф за тимот од Берлин.

Хофенхајм го совлада Мајнц со 4-2, а со идентичен резултат и Ајнтрахт Франкфурт славеше против Келн.

Резултати Германија: Баер Лееркузен – Херта 0-2, Борусија Д. – Хамбургер 2-0, Ајнтрахт Ф. – Келн 4-2, Хановер – Фрајбург 2-1, Хофенхајм – Мајнц 4-2.

Се вчитува...