Милнер од пенал во 93. минута за продолжување на победничката низа на Ливерпул

По седум едноподруго победи на стартот од новата сезона во Премиерлигата, Ливерпул за малку ќе останеше без целиот плен на дуелот против Лестер во 8. коло, но успеа да извлече триумф од 2-1 благодарение на голот од пенал на Милнер во 93. минута од натпреварот кој се играше на „Енфилд“.

Најпрво Мане во 40. минута погоди за 1-0 на „црвените“, но Медисон израмни за Лестер со погодокот во 80. минута од натпреварот. Сепак, трите бода за Ливерпул ги донесе Милнер со голот од пенал во третата минута од судиското продолжение.

Во останатите попладневни натпревари од денешното коло, Барнли славеше против Евертон со 1-0, Астон Вила убедливо со 1-5 славеше на гостувањето против Норвич, а Ватфорд и Шефилд јунајтед одиграа без голови.

Се вчитува...