Рекордерот во Премиер лигата по бројот на настапи, Џејмс Милнер, се потсети на времето кога соиграч во Ливерпул му беше Марио Балотели. Тој исто така откри неколку интересни детали од соблекувалната и тренинзите на Ливерпул.
„Секогаш добро се согласував со него, иако изгледаше како да имте дете од 11 или 12 години во тимот. Има многу интересни случки со него. На правиме, ние стоиме и разговараме, а никој не му обрнува внимание на него. Тогаш ќе направеше некаква глупост, ќе скршеше нешто, ќе викаше, само за да добие внимание“ открива Милнер во поткастот „The Good, The Bad & The Football“.
Милнер раскажа уште една случка која најдобро го опишува нивниот однос. Балотели на тренинг пристигнал со автомобил Бентли кој имал маскирна боја и возејќи наназад го удрил автомобилот на Милнер.
Коментарите на Милнер, дојдоа и до самиот Балотели кој мораше да му одговори на поранешниот соиграч.
„Вау, Џејмс, мислам дека малку претера со делот за детето“, одговори популарниот Супер Марио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
