Милош Тошески продолжува во Казахстан

Македонскиот фудбалер Милош Тошески се сели во Казахстан и ќе биде нов играч на тимот на Атирау. Играчот од средниот ред кој мина еден период и во Работнички, во последната година играше за Бродарац, а претходно играше за Земун.

Тошески е поранешен младински репрезентативец, а за младинската селекција има одиграно шест натпревари.

Се вчитува...