Милошевиќ со брутална изјава – Подготвен сум да го убијам секој кој сака да мами во фудбалот

Тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ без влакна на јазикот коментираше околу одлуката на УЕФА, англискиот шампион Манчестер Сити да добие суспензија од две години во Лигата на шампионите.

„Суров сум кога е во прашање измамата во фудбалот. Ако остварувате предност во однос на ривалите, а тоа да не е дозволено, како што е допингот или дупки во договорите со фудбалерите мора да добиете големи казни. Сепак, јас би бил уште посуров од тоа. 17 години бев професионалец и немав испиено еден аспирин, туку само ќутев и трпев болка. Ако тоа некој не го почитува, јас сум во состојба да го убијам“, изјави Милошевиќ. 

Милошевиќ на клупата на Партизан седна во март месец минатата година. Скоро една година е на клупата на „црно-белите“, а цел му е да го врати тимот на тронот на српскиот фудбал.

Се вчитува...