Милошевиќ: Тие што измислија не се новинари но човечки шљам, морав на децата да им објаснувам дека тоа се лаги

Тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ остро реагираше на веста на српски „Блиц“ дека навивачи го шамарале во клупскиот ресторан пред еден месец.

„Таа приказна трае повеќе од еден месец. Се обидував да избегнам да коментирам будалаштини и лаги за да не дозволам приказната да трае секој ден. Но, сега сум доведен во ситуација од која не можам назад, и не може да не реагирам. Тие луѓе инсистираа до крај да добијат моја реакција и сега ќе ја добијат. Лично не сум погоден со ништо. Јасно е дека ова е измислена приказна за да ме дестабилизираат мене, а веројатно и клубот и играчите“ – вели Милошевиќ и дополнува:

„Овие некои наводни медиуми не може да ги сместам во новинари, тоа би било грев кон вистинските новинари. Знам многу новинари, и добри и помалку добри и лоши, но овие луѓе не можам воопшто да ги наречам новинари. Тоа е обичен човечки шљам кој само поради лични интереси во состојба е да гази по луѓето и нивните чувства. Синоќа бев во ситуација да морам да им објаснувам на децата што се случува со мене и тоа за мене зборува дека немаат црвена линија, подготвени се на се поради некој свој личен интерес“.

Се вчитува...