Милвоки не се дава: Антетокуомпо се избори и за седми меч со Бостон

Милвоки и Бостон ќе играат и седми меч во четвртфиналната серија од НБА плеј-офот на Истокот, откако Милвоки славеше синоќа со 97-86 за израмнување во серијата на 3-3.

Во главно израмнет натпревар победникот го одлучи втората четвртина која Милвоки ја доби со 26-15. По таа стекната предност домашните потоа одржуваа постојано водство за на крајот и триумф од 11 поени разлика.

Феноменалниот Јанис Антетокуомпо го предводеше Милвоки до победата со 31 поен, 14 скока и четири асистенции, а го следеа Крис Мидлтон и Малколм Брогдоно со по 16 постигнати поени. Во поразениот тим се издвои Џејсон Татум со 22 поени и по три скока и асистенции. Ал Хорфорд имаше „дабл-дабл“ од 10 поени и 10 скока.

Одлучувачкиот натпревар околу патникот за полуфиналето во Источната конференција се игра во недела наутро по средноевропско време.

Се вчитува...