Минасјан: Македонија од две и пол шанси – даде два гола

Македонија стигна до втор триумф во Лигата на нации, совладана е Ерменија со 2-0, а селекторот на гостинската селекција, Вардан Минасјан, смета дека успехот е остварен поради клиничката прецизност и ефикасност на нашиот национален тим.

„Честитки за Македонија за триумфот, но мора да кажам дека од две и пол шанси постигнаа два гола. Ние не ги искористивме своите шанси и затоа бевме казнети. Во поглед на концепцијата, не не изненади противникот, знаевме со каков квалитет располагаат. Но, примивме прв погодок од пенал, а потоа и уште еден на почетокот на вториот дел“, изјави селекторот на Ерменија.

Се вчитува...