Минасјан: Со Македонија мораме да бидеме ефективни

Фудбалската репрезентација на Ерменија е вториот наш ривал во Лигата на нации. Мечот се игра утре, со почеток во 18 часот, на арената „Филип Втори“, а селекторот Вардан Минасјан бара од своите фудбалери да бидат многу поефективни, отколку на првиот дуел со Лихтенштајн, кој го добија со 2-1.

„Со Лихтенштајн создадовме многу шанси, но најголем дел од нив не успеавме да ги искористивме. Против Македонија мораме да бидеме многу поефективни. Ќе треба многу подобро да ги користиме шансите. Секако дека посакуваме позитивен резултат. Македонија игра на домашен терен и реално е фаворит во пресрет на дуелот“, изјави Минасјан.

Се вчитува...