Минесота слави плеј-оф: За Денвер недоволен само Никола Јокиќ… (ВИДЕО)

Во директната пресметка околу последното место кое води во плеј-офот во Западната конференција, кошаркарите на Минесота славеа на домашен терен против Денвер, и тоа по продолжение со 112-106.

Беше тоа напорен меч до последна капка пот во кој на крајот Минесота во пресудните моменти успеа да го запре феноменалниот Никола Јокиќ и тоа беше клучно за триумфот.

Минесота имаше блага предност во текот на целиот меч, но Нагетски успеаја да се изборат за продолжение по оние 101-101. Во продолжениет0 беше запрен Јокиќ кој не успеа да постигне ниту еден поен и на крај Минесота е таа која слави плеј-оф.

Домашните до победата ги водеше Батлер со 31 поен, дополнети и со по пет скока и асистенции, додека за гостите Никола Јокиќ постигна 35 поени, плус запишувајќи и 10 скока.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...