Πочнува Европското првенство во атлетика во Минхен, Дарио Ивановски настапува на маратонската трка

Од денеска па до следните две седмици германскиот град Минхен ќе биде домаќин на Европските првенства во атлетика, велосипедизам, гимнастика, веслање, триатлон и одбојка на песок.

Дарио Ивановски ќе биде претставник од Македонија, на маратонската дисциплина. Нашиот рекордер во маратонската трка ќе настапи веднаш на првиот ден на маратонската трка низ улиците на Минхен со почеток во 11:30 часот.

Дуплантис од Шведска важи за една од најголемите ѕвезди на првенството и од него се очекуваат големи работи, можеби и поставување на светски рекорди. Далеку посиромашен е италијанскиот атлетски тим, кој минатата година на Олимписките игри во Токио се прослави. Како и на Светското првенство нема да настапат руските атлетичари, заради одлуката на ИААФ времено да ги исклучи од сите натпреварувања заради конфликтот во Украина.

На првиот ден ќе се поделат медалите во женскиот и машкиот маратон во утринската програма и фрлање ѓуле во двете конкуренции и женската трка на 10.000 метри во попладневната програма.

Се вчитува...