Мињоле од трагичар до херој, Ливерпул спаси бод со Челси

Ливерпул и Челси ремизираа 1-1 во дерби натпреварот од 23. коло во Премиер-лигата, меч во кој во главна улога беше Симон Мињоле. Голманот на „црвените“ се посрамоти со нова почетничка грешка откако воошто не обрна внимание при слобдниот удар на Челси и му овозможи на Давид Луиз да му даде гол од над 30 метри.

Белгиецот сепак се извади на петнаесетина минути до крајот, кога при резултат 1-1 беше досуден пенал за Челси откако Диего Коста беше соборен од страна на Матип. Шпанецот самиот ја презеде одговорноста но Мињоле го одбрани неговиот удар, спречувајќи нов, четврти пораз во низа на „црвените“ на „Енфилд роуд“.

Претходно, израмнувачкиот гол за Ливерпул го постигна Вајналдум по аккцијата на Хендерсон и на Милнер, додека Роберто Фирмино промаши две одлични шанси за домаќините, една при 0-1 и една во судиското продолжение со која можеше да му ги донесе трите бода на тимот на Јирген Клоп.

Челси со ова реми ја задржа предноста од десет бода во однос на Ливерпул, но и позитивата од девет бода во однос на Тотенхем и Арсенал, кои се наоѓаат на делба на втората позиција на табелата.

Le coup franc MAGNIFIQUE de David Luiz face à… by planete-mercato

Georginio Wijnaldum Goal HD – Liverpool 1-1… by denysenathan

Diego Costa Penalty MISS – Liverpool 1-1… by LiveGoalsTV

Се вчитува...