Миодраг Радуловиќ е нов селектор на Црна Гора

Миодраг Радуловиќ ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора, вака одлучија челните луѓе на федерацијата. На овој начин „соколите“ ќе добијат нов тренер, бидејќи соработката со Фарук Хаџибегиќ нема да биде продолжена. Последниот домашен ангажман, Радуловиќ го имаше во Будуќност во сезоната 2011/12. После тоа, тој замина во Азија, а беше особено успешен како тренер на Либан.

Миодраг имаше и бројни други ангажмани – во Зета, Борац од Бања Лука, младиот национален тим на поранешниот државен сојуз на Србија и Црна Гора, Боависта во Португалија, како и Динамо Москва, каде беше асистент.

Во 2021 година, Радуловиќ ќе ја предводи Црна Гора во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Натпреварувачкиот циклус започнува во март, а „храбрите соколи“ се во група со Холандија, Норвешка, Турција, Летонија и Гибралтар.

Се вчитува...