Мирко Ивановски стрелец во победата на Славен Белупо

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски го запиша и шестиот свој гол сезонава во дресот на Славен Белупо.

Во 17. коло од шампионатот на Хрватска, Славен Белупо славеше со 2-0 против Истра 1961, а Ивановски го постигна вториот гол за домашните во 91. минута.

По оваа победа Славен Белупо има 23 бода, доволни за шестата позиција на табелата во хрватскиот шампионат.

Се вчитува...