Миркуловски славеше на гости кај Пешевски

Филип Миркуловски излезе како победник од бундеслигашката пресметка со Жарко Пешевски, откако Вецлар на гостински терен го совлада Штутгарт со 24-31. Гостинскиот состав успеа резултатски да се одлепи уште во првото полувреме, на одмор да замине со водство од 12-18, што потоа го одржуваше до самиот крај.

Пешевски го заврши мечот со два гола од исто толку обиди, додека Миркуловски не се запиша меѓу стрелците на овој натпревар.

Вецлар со овој триумф се искачи на осмото место на табелата со 26 бода, додека Штутгарт остана на 13 позиција со 21 бод на своето салдо.

Се вчитува...