Мируваа мрежите на „Сан Сиро“, Јувентус не упати удар кон голот

Милан и Јувентус на дербито во Италија одиграа без голови. Иако Милан имаше подобри шанси, сепак, не успеа да го најде патот до голот, па на крајот мрежите мируваа.

Голем хендикеп за „росонерите“ беше и повредата на Ибрахимовиќ уште во 28. минута, со што мораше и без него во нападот. Сепак, имаа шанси домашните, најдобрата ја имаше Леао во 20. минута кога неговиот обид го одбрани Шчесни. Интересно е тоа што Јувентус според статистиката, не упати ниту еден директен удар кон голот на Мењон, и тоа е доказ дека очајно им треба напаѓач.

На овој резултат најмногу се израдува екипата на Интер, кој дополнително ја зголеми разликата пред својот градски ривал.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...