„Мистер трипл-дабл“ – Магдевски го водеше Плоешти до убедлив триумф

Македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски игра неверојатно во романскиот шампионат откако летово потпиша со Плоешти. Тој го водеше својот тим и до вториот триумф сезонава во романското првенство на домашен терен против Рапид Букурешт со убедливи 85-61.

Магдевски натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок уфрлајќи 13 поени, надополнети со исто толку асистенции и десет скока. Ова е втора победа во вториот натпревар за Плоешти во новата сезона, откако во првото тимо Магдевски и соиграчите беа подобри по продолженија Галати.

Се вчитува...