Мистеријата и натаму продолжува – Шест години од несреќата на Михаел Шумахер

Човекот кој низ годините секој викенд го ризикуваше животот возејќи со 300 килиометри на час за дојде до седум шампионски титули во Формула 1 и 91 победа во кариерата и секогаш успеваше да излезе негребнат, настрада онаму каде што најмалку очекуваше. Шест години од несреќата на еден од најславните Формула 1 возачи во историјата. И мистеријата се уште продолжува.

Иронијата на животот си поигра со неговата судбина, па Шумахер кој беше дел од најризичниот спорт, настрада на одмор, скијајќи.

„Трките се живот, а животот е ризик“ – ќе изјави во една прилика еден од најславните спортисти во историјата Михаел Шумахер.

Пред точно шест години, Германецот кој веќе ја имаше завршено кариерата, продолжи да ризикува. Отиде на необележаниот дел од патеката на француските Алпи, незгдно падна директно на глава удирајќи во камен.

Оттогаш животот на Михаел Шумахер е една од најголемите мистерии. Откако стана јасно дека рехабилтација или воопшто нема да има или таа ќе оди исклучително бавно, неговото семејство се повлече и информациите за состојбата на Шумахер се минимални, речиси никакви.

Каква е точно во моментов здравствената сосотјба на големата ѕвезда не знае речиси никој освен неговото семејство. Сопругата Корина е вистинска брана во протокот на вести во јавноста.

Според достапните информации, трошоците за лекувањето на Германецот се 55.ооо евра неделно. Шумахер според Форбс до моментот на несреќата имаше заработено 840 милиони евра.

Големината на Михаел Шумахер во светот на Формула 1 му држи отворени врати на неговиот син Мик кој покажува интерес за брзините. Тој беше поврзуван со неколку Ф1 тимови. Од Ферари велат „како да кажеме не на некој што се презива Шумахер“

Се вчитува...