Митев: Некои 45 минути бевме егал со Франција

ЕКИПА во Дизелдорф,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација со пораз го стартуваше настапот на ЕП 2024, откако вечерва загуби на отворањето на шампионатот од селекцијата на Франција со резултат 39-29.

Еден од најмладите во репрезентацијата Марко Митев вели дека 45 минути играле во егал со Франција.

„Беше еуфорично кога се игра пред 53.000 гледачи. До 45 минута имавме, да не кажам егал утакмица, се боревме, го оставивме срцето на терен и тоа е. На почетокот влеговме многу мотивирано, бевме фокусирани. Во второто полувреме тој фокус ни падна, и кога играш против селекција како Франција толку треба. Треба да кажам дека некои ситници не ги исполнивме што го бараше селекторот, но нели, играта те носи. Сега следува Германија, имаме 4 дена да се подготвиме“ изјави Митев.

Се вчитува...