Митко Стојковски нов претседател на Пелистер

Денес се одржа вонредно собрание на ФК Пелистер. На собранието за нов претседател е избран Митко Стојковски, кој на местото ќе го замени Пеце Стојчевски, кој досега ја извршуваше оваа функција.
Бордот на директори е сочинет од звучни имиња. Станува збор за поранешните фудбалери Тони Мицевски, Златко Деловски и Певе Цветковски, а бордот го сочинуваат и стопанствениците Трајан Вртковски, Павле Лазаровски и Сотир Николовски и претставници на Општина Битола, Блага Талевска (економист) и Стефанија Боцевска (правник).
Пелистер со ново раководство, и со нов тренер во името на Бобан Бабунски, ќе се обиде низ пролетниот дел да избори пласман во прволигашката конкуренција.

Се вчитува...