Митрашиновиќ си замина од Франција, следна дестинација – Монтана

Најдобрата македонска кошаркарка, Анжелика Митрашиновиќ, летово ќе ги промени клупските бои откако си замина од францускиот прволигаш Тарбес.

Следна дестинација на Митрашиновиќ ќе биде Бугарија, откако 28-годишната кошаркарка ја прифати понудата на Монтана и денеска потпиша договор со новиот клуб.

Митрашиновиќ во кариерата има настапувано во БиХ, Црна Гора, Франција, како и во македонските прволигаши Вардар, Бадел и КАМ Баскет.

Се вчитува...