Митревски херој на Еурофарм Пелистер 2 – битолчани со гол на пет секунди пред крајот до победа против Бутел

Еурофарм Пелситер 2 ја запиша првата победа во плеј-офот откако на гостувањето кај Бутел славеше со 23-24 во драматична завршница. Херојот на битолчани беше Митревски кој постигна гол на пет секунди пред крајот на натпреварот.

Бутел беше оној кој подобро го започна натпреварот и рано стигна до висока предност (10-4) која успеа да ја задржи и на полувремето за 13-9, но како што одминуваа минутите од вториот дел од мечот Еурофарм Пелистер 2 успеа да ја врати резултатската неизвесност.

Скопјани имаа позитива од два гола на осум минути до крајот на мечот, но серијата на „зелено-белите“ донесе изедначување, а потоа и минимална предност. Бутел изедначи преку Мајиќ на 12. секунди пред крајот, но контрата ја искористи Митревски за гол и победа на својот тим.

Со осум гола Мајиќ беше лидер на Бутел, а него го следеше Јефтиќ со пет гола. Петровиќ и Стоилевски реализираа по шест гола за Еурофарм Пелистер 2.

Се вчитува...