Митревски и Ајдини нови фудбалери на Тетекс

Божидар Митревски и Ринор Ајдини се нови фудбалери на второлигашот Тетекс, потврдија од клубот. Митревски кој доаѓа од редовите на Силекс е стандарден првотимец и капитен на репрезентацијата до 19 години, додека Ајдини во Тетово доаѓа од редовите на Дрита.

Со овие две засилувања Тетекс се надева дека ќе успее да обезбеди опстанок во Втората фудбалска Лига на Македонија, бидејќи есенскиот дел од сезоната не го стартуваше според очекувањата. Во моментов тетовскиот тим е на 8. позиција на табелата во ВМФЛ Запад и има исто бодови како деветто пласираниот Вардар Форино кој се наоѓа во зоната за испаѓање.

Се вчитува...