Митревски: Имаме доволно време да ги корегираме грешките

Никола Митревски ќе биде предводник на Македонија и на претстојното Европско првенство, а искусниот голман беше во главна улога и на денешниот контролен меч со Грција.

Неколкуте негови интервенции и фрлени топки за контранапади беа пресудни за пресвртот во финишот од првото полувреме со кој беше трасиран патот до победата. Во изјавата по мечот, Митревски верува дека резултатите од подготовките се видливи, а грешките направени на овој дуел ќе бидат корегирани во наредниот период.

„Денешниот натпревар го почнавме малку лошо, можеби во грч, но успеавме да се вратиме и одигравме солидни последни 10 минути од првото полувреме кога го презедовме водството. Потоа следеше второто полувреме кое го започнавме одлично, направивме предност од 6-7 гола и имавме напад за поголемо водство. Грците докажаа дека не се слаба репрезентација, дека имаат квалитетни играчи и неслучајно ќе играат на ЕП. Тие убедливо ја победија една Словачка, а во најголем дел од мечот водеа и против Романија. Можеби малку см уморни, но имаме доволно време да ги поправиме грешките“, истакна Митревски по вечерашниот триумф.

Се вчитува...