Митревски ја осигура победата на Констанца

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски беше еден од назаслужните за победата на Констанца против Стеауа со 24-19, во натпреварот од 13.коло во првенството на Романија.

Митревски беше сигурен на голот во клучните моменти кога гостите имаа шанса да се вратат во мечот при резултат 21-19. Во последните петнаесетина минути, Митревски запиша пет одбрани, а тоа донесе дополнителна сигурност во играта на домаќините кои потоа направија серија до 3-0 и го решија мечот во своја полза.

 Стандардна партија во одбраната на Констанца имаше и Велко Марковски, а прв стрелец во домашниот тим беше Дејан Малиновиќ со четири погодоци.

Победа на домашен терен во ова коло славеше и Гоце Георгиевски со ЧСМ Букурешт против Дунареа со 36-29. Македонскиот репрезентативец постигна пет гола и беше втор стрелез во ЧСМ Букурешт зад Шпанецот Антонио Гарсија Робледо кој запиша девет гола.

Златко Даскаловски со тимот на Темишвар ги освои бодовите против Минаур Баја Маре (26-19). Горан Кузманоски постигна еден гол во поразот на Одорхеи на гостувањето кај Динамо Букуршет.

По 13.коло, Одорхеи е на 3.место на табелата со 26 бода, четири помалку од водечката Турда. Темишвар е на четвртата, а Констанца на петтата позиција исто така со по 26 бода. ЧСМ Букурешт има два бода помалку на 7.место на табелата.

Се вчитува...