Митревски: Разликата ја направи тоа што француските ракометари играат врвни натпревари секои три дена

ЕКИПА во Дизелдорф,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација со пораз го стартуваше настапот на ЕП 2024, откако вечерва загуби на отворањето на шампионатот од селекцијата на Франција со резултат 39-29.

Капитенот на репрезентацијата Никола Митревски по мечот изјави вели дека разликата е тоа што Франција игра врвни натпревари секои два три дена, а ние немаме такво темпо.

„Првпат имавме можност да играме на стадион. Почнавме одлично, 15-20 минути игравме егал, ги контролиравме случувањата на теренот, а потоа нивната одбрана не принуди да направиме неколку неизнудени, технички грешки кои лесни ги искористија во транзиција и го презедоа водството. Тоа е разликата меѓу Македонија и Франција, тие играат врвни натпревари на секои три дена, ние немаме такво темпо. Работиме за да го стигнеме донекаде нивното ниво. Има горчина кај нас, не толку поради поразот од 10 разлика, туку поради менталитетот, ако не се предадевме прерано, можеби ќе се изборевме за попристоен пораз, од 5-6 разлика. Французите немаа загубена топка, ние имавме над 20, потоа од нив примавме лесни голови и тука треба да се бараат причините за ваквиот пораз“, изјави Митревски. 

Се вчитува...