Митревски: Тоа е реалноста…, ни недостасуваше одлучност во нападот

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

Голманот Никола Митревски запиша уште една квалитетна партија на Мундијалот 2019, но и сето тоа залудно кога Македонија забележа уште еден пораз, овој пат од Русија во разигрувањето за пласман од 13. до 16. место.

Според Митревски, сепак, Македонија треба да собира искуство од овие натпревари за во иднина да се изгради национален тим кој ќе продолжи со настапите на големите светски и европски натпреварувања.

„Ова е реалноста во овој момент. Искрено кажувам дека постоеше желба кај нас да стигнеме денеска до триумф, но ни се повторија некои грешки од претходните натпревари. Постојано како да немаме концентрација во клучните моменти, како да недостасува одлучност во нападот за да се биде рамноправен со противникот. Сепак, треба да извлечеме поука од овој меч и доволно мотивирани да настапиме на утрешниот последен“ – истакна Митревски.

Се вчитува...