Српскиот напаѓач Александар Митровиќ е на столбот на срамот во Англија, по инцидентот во ФА Купот. Вечерта од соништата на Митровиќ на „Олд Трафорд“ се претвори во ноќна мора и сега е главна тема на англиските медиуми.
Србинот му донесе водство на Фулам на „Театарот на соништата“, а потоа кон средината на вториот дел доживеа „затемнување“ какво што не е видено со години. Тој целосно ја загуби контролата кога судијата Крис Кеван досуди пенал за Јунајтед и црвен картон на Вилијан поради играње со рака на гол линија.
Митровиќ брзо реагираше, го повлече судијата за рака, му влезе во лице и доби црвен картон. Поради ова сите по ред го критикуваат, а дел од критичарите апелираат до ФА нда го суспендира Митровиќ на дури десет натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА