Митровиќ со жестока казна – Србинот доби суспензија од осум меча поради глупоста против Јунајтед

ФА ја продолжи суспензијата на Александар Митровиќ на вкупно осум натпревари и му изрече суспензија на Марко Силва од два натпревари, откако двајцата беа исклучени поради жестокиот судир со судијата Крис Кеван за време на пресметката на Фулам во ФА Купот со Манчестер Јунајтед минатиот месец.

Србинот му донесе водство на Фулам на „Театарот на соништата“, а потоа кон средината на вториот дел доживеа „затемнување“ какво што не е видено со години. Тој целосно ја загуби контролата кога судијата Крис Кеван досуди пенал за Јунајтед и црвен картон на Вилијан поради играње со рака на гол линија.

Се вчитува...