Митровски со нов гол го најави пресвртот на Вараждин

Екипата на Вараждин успеа да победи над Осијек, а едни од заслужните беа македонските интернационалци во овој тим.

Димитар Митровски во 22. минута со убав гол успеа да израмни, а потоа неговиот тим дојде до пресврт победа со голот на Вук.

Во вториот дел при 2-1 влезе и Марио Младеновски, со што Вараждин успеа да се одбрани и да дојде до триумф. За Митровски ова беше осми гол во хрватскиот шампионат.

Се вчитува...